ВМРО-ДПМНЕ не положи цвеќе на жртвите на фашизмот
09.05.2011 15:38
| KumanovoNews
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска немаше делегација на положувањето на цвеќе на Спомен костурницата во Куманово, по повод Денот на победата на фашизмот.

Присутните и организаторите се прашуваа што ги спречило делагациите на пратениците и општинскиот комитет да се приклучат на свеченоста, бидејќи досега редовно се појавуваа на општинските одбележувања на празниците. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, повеќето политички партии, јавни институции и невладини организации имаа свои претставници.