×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Горно Којнаре три улици ќе добијат бекатон

    11.04.2016 11:38 | KumanovoNews

    На три улици во селото Горно Којнаре ќе се постават бекатон плочки.

    Во Горно Којнаре три улици ќе добијат бекатон

    Проектот го реализира МЦМС со сретства обезбедни од британската амбасада.

     „Денеска започнува вториот проект поплочување на 3 улици од по 160 метри. Изборот на учиците го направи МЦМС. Првиот проект на општината Куманово беше асфалтирањето на главната артерија во селото Горно Којнаре. Патот е во должина од 790 метри, а сретствата ги обезбеди општината, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Координаторот на проекотот „Акции во заедниците„ Димче Митевски, објасни дека улиците се поплочуваат во договор со месното население, кое овие улички ги посочило за клучен проблем во селото Горно Којнаре.

    „МЦМС со свои фондови од британската амбасадаја финасира реализацијата на 480 метри, поставување на бекатон плочки по улиците во населбата. Вкупната инвестиција изнесува 2 милиони денари, - изјави Митевски.

    Жителите се задоволни од решавањето на инфраструктурните проблеми и сметаат дека со тоа ќе се подобри квалитетот на животот во селото.

    Градоначалникот најави дека наскоро ќе започне и проект на општината Куманово и Министерството за земјоделие, за проширување на земјоделски патишта до обработливите површини во должина од 200 метри, како и проектот на ИПА, за поврзување на главниот колектор со колектот на „Никола Тесла“,со што ќе се создадат услови за  приклучување на канализационата мрежа во Горно Којнаре.