Во Куманово наврна 7 литри дожд на метар квадратен, во Крива Паланка 91
Во Куманово во изминатите 24 часа, наврна 7 литри дожд на метар квадратен, додека во Крива Паланка 91 л/м2, најмногу во државата.

Потоа следуваат: Виница 68, Берово 46, Прилеп 27, Тетово 16, Штип 14, 13 Скопје- Петровец, 9 Битола, 7 Куманово, Крушево, 5 Демир Капија, 2 Претор.
„Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената”, велат од УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Максималната температура ќе достигне до 26 степени.