×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово нема нови паркинг места, па затоа старите ќе се наплаќаат, посочува Левица

    06.02.2023 12:19 | KumanovoNews

    Паркингот пред градскиот базен во Куманово од пролет ќе се наплаќа. Околу паркингот со 400 места се наоѓаат градскиот базен, тениските игралишта, кејот на реката Кумановка и еден од ретките мини детски игралишта - објекти, кои влијаат на здравиот личен развој и чија употреба дополнително се демотивира со воведување на зонското паркирање, велат од партијата Левица.

    Во Куманово нема нови паркинг места, па затоа старите ќе се наплаќаат, посочува Левица

    „Кумановскиот градоначалник како изборно ветување во својата програма предвиде решение за недостатокот на паркинг места со изградба на повеќе катни гаражи, но наместо повеќе паркинг места, градоначалникот удира по џебот на прелажаните граѓани. Граѓаните реагираат и бараат решение на проблемот, бидејќи ваква пракса во работење која ја има градоначалникот е на штета на граѓаните и не смее да се дозволи. Левица - ЛО Куманово кaко политичка партија секогаш дејствува во интерес на граѓаните и апелира до градоначалникот да престане да ја злоупотребува својата позиција. Време е да се започне со изнаоѓање на конкретни решенија кои ќе го намалат сообраќајниот метеж и ќе обезбедат повеќе нови паркинг места, а постоечкиот паркинг мора да остане бесплатен“, посочуваат од партијата.