×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово запишани 904 првачиња – шеесетина помалку од лани

    01.09.2025 13:33 | KumanovoNews

    Вкупно 904 ученици во прво одделение се запишани во новата учебна 2025/26 година во 16 основни училишта во Куманово, што е за најмалку две паралелки помалку во однос на минатата година.

    Во Куманово запишани 904 првачиња – шеесетина помалку од лани

    „Оваа учебна година во општината започнаа со училиште 904 првачиња во сите основни училишта, што е шеесетина помалку во однос на минатата година. Мора да бидеме свесни дека бројката континуирано опаѓа. Доколку сакаме да ги задржиме семејствата, Владата мора да изготви стратегија за спречување на иселувањето кое трае веќе три децении“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски на првиот училишен ден во ОУ „Карпош“ во селото Умин Дол. Во ова училиште годинава се запишаа 12 првачиња, шест во Љубодраг и шест во Умин Дол.

    Раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово, Александар Јовановиќ, вели дека бројката не е конечна, бидејќи секоја година дел од првачињата се запишуваат и во септември, откако ќе се вратат семејствата од сезонска работа во соседните земји. Главно се работи за деца од ромската заедница.

    „Податоците покажуваат дека и Општина Куманово не е исклучок од трендот на намалување на бројот на првоодделенци кој се случува на ниво на државата, а најголема причина за тоа е интензивното иселување на семејства со мали деца. Намалувањето не се чувствува само во руралните средини, туку и во централните градски училишта. Многу ретко има паралелки со максималниот број од 30 ученици. Ако порано доминираше миграцијата село–град или меѓуопштинска миграција, денес, покрај падот на наталитетот, најизразена е миграцијата во европските развиени земји“, изјави Јовановиќ.

    Според евиденцијата на Министерството за внатрешни работи (МВР), во 2019 година во Куманово се родени 1.534 деца кои оваа година требало да тргнат на училиште. По извршените проверки од страна на училиштата останале 1.250 деца кои требало да се запишат. Од вкупнородените недостигаат 630 деца, а според ревидираниот список – 346.

    Во средните училишта на територијата на Општина Куманово, во учебната 2025/26 година се запишани вкупно 1.130 ученици во прва година, што е идентична бројка како и лани.

    „Анализите покажуваат дека, како и изминатата година, најголем дел од учениците одлучија да се запишат во едно од стручните училишта, поради што повторно се намали бројот на учениците во гимназиското образование. Според податоците добиени од училиштата, вкупно 847 ученици го продолжија образованието во стручните училишта во Куманово, додека 283 ученици се запишаа во двете кумановски гимназии“, додаде Јовановиќ.