Мени

Во кутија од чај криел марихуана

05.02.2015 13:49 | KumanovoNews

Македонски државјанин сакал да прошверцува 400 грама марихуана на граничниот премин Табановце,  скриена во кутија за чај.

Во кутија од чај криел марихуана

Царинските службеници при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, пријавен за излез од Република Македонија, во куфер, сместен во багажниот простор, пронашле кутија од чај наполнета со марихуана. Против сторителот е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.