Во новиот мандат ќе се фокусираме на развојот на домашното стопанство, кажа Димитриевски
Кандидатот за градоначалник на Куманово од ЗНАМ, Максим Димитриески денеска беше во посета на неколку фирми во Куманово, кои се во сопственост на домашни инвеститори.

Како што самиот кажа, разговарале пред се за реалните проблеми во стопанствотото и какви се можностите за нивен развој.
„Наша главна цел во рамките на третиот мандат би била развој на домашното стопанство и поголем простор и за домашни, но и за странски инвестиции во градот. Развој на нови индустриски зони, по примерот на веќе потврдената зона Новина и Речици, дополнителна помош на занаетчиството во градот, како елеметарна гранка за развој на стопанството бидејќи без него немаше да се развие кумановското стопанство. Понатаму, реконструкција на двата зелени пазари со барање на приватен партнер кој би ги инвестирал тие реконструкции. Предвидуваме и фонд за поддршка на млади претприемачи и стартап компании за младите, поддршка на уметниците и сите креативни луѓе во градот, како и обучување и доквалификација на нашата работна сила“, рече
Димитриевски.
Истовремено, ќе работи и на создавање на туристички пакети и брендирање на општина Куманово како викенд дестинација во регионот.