×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Волонтери го исчистија просторот околу спортската сала во Куманово

    09.05.2025 21:17 | Оливера Пешевска

    „Генералка викендот“ во Куманово помина повеќе од успешно, учествуваа 100- тина ученици од Гимназија „Гоце Делчев“, техничкото „Наце Буѓони“ и економското училиште „Перо Наков“, со поддршка на вработените од „Чистота и зеленило“.

     

    Волонтери го исчистија просторот околу спортската сала во Куманово

    Учениците вредно собирале смет повеќе од два часа, по што се вратиле на настава, но работниците продолжиле со чистење на предвидениот терен.

    „Работевме со скип и грајфер, исчистена е мини депонијата зад Спортската сала, и целиот зелен појас. Наполнивме 5 камиони, чиј максимални капацитети се 6 тони, а со помош на учениците е наполнета тракторската приколка со зафатнина од 1,5 тон. Задоволни сме од завршената работа, се надеваме дека ќе успееме да ги одржиме чисти и зелени површините кои денеска ги поминавме“, истакна Билјана Јовчевска, раководителка на одделението „Зеленило“, координатор на настанот.

    Се чистеше зелената површина зад затворениот Градски базен, кон објект на градинката „Ангел Шајче“, како и зелените површини зад Спортската сала. Паркингот, тротоарите и спортските терени во нивна околина непречено функционираа.

    Општина Куманово била меѓу првите општини која се вклучила во акцијата на невладината „Мен енд Маунтен“, учествува 5 година по ред, откако за прв пат е органзирана во 2021 година.

    Акцијата е поддржана од Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), како и од ЈП „Национални шуми“.

    За секои 10 килограми собран смет владата донира по една садница.