Мени

Воз прегази мотоциклист во Романовце

20.07.2014 08:04 | KumanovoNews

Ивица В.(43) од Романовце, утринава загинал во железничка несреќа во близина на селото Романовце.

Воз прегази мотоциклист во Романовце

 Според портпаролот на СВР Куманово Валентина Николовска, несреќата се случила утринава околу 8 часот на обележан премин на железничката пруга во селото Романовце.  Додека Ивица со својот мотоцикл поминувал преку пругата во него удрил воз кој сообраќал на релација Табановце-Скопје.

Од здобиените повреди Ивица починал на лице место.

Увид на лице место врши полицијата.