×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За првпат во Куманово - „Унико“ ресторан врши бесплатна достава на храна до граѓани и фирми

    11.06.2025 10:31 | KumanovoNews

    Познатиот ресторан „Унико“ воведе бесплатна достава на храна во Куманово. 

    За првпат во Куманово - „Унико“ ресторан врши бесплатна достава на храна до граѓани и фирми

    Новата услуга доаѓа како резултат на зголемениот број на нарачки на готова храна и потребата од нејзино навремено испорачување. Со цел да ја поедностават постапката и да се намалат трошоците на клиентите, менаџментот одлучи оваа услуга ја стави на своја сметка.

    „Отсега нашите клиенти, граѓаните и фирмите, ќе имаат можност храната од нашата кујна да ја добијат на посакуваната адреса брзо и без дополнителни трошоци. Со наше возило, нарачката ќе биде доставена на територијата на градот и приградските населби. Оваа услуга ја почнавме од почетокот на месецот и граѓаните со задоволство ја прифаќаат, благодарни се што немаат обврска да доаѓаат кај нас, ниту, пак, да платат некој друг да им ја донесе. Ние сме први и единствени во градот што ја воведуваме оваа услуга и верувам дека ќе биде широко прифатена поради понудените поволности“, вели директорот Даниел Лазаревски Петровски.

    Од овој месец ресторанот има специјална понуда за подготовка и достава на храна за фирми од Куманово. 

    „Пуштена е промотивна цена од 200 денари за комплетен оброк за секој вработен, за сите правни лица кои ќе случат договор во текот на овој месец. Ние веќе имаме неколку фирми со кои успешно работиме, но ги повикуваме и останатите да дојдат и да ја видат нашата понуда, да се договориме за начинот на соработка на заедничко задоволство“, вели Лазаревски Петровски.   

    Семејството „Унико“, во чиј состав е ресторан „Унико“ со игротека, „Унико Таверна“ и „Унико“ - родендени, за кратко време се наметна како успешна приказна и ги освои кумановци со својата професионалност, посветеност, љубезност и квалитетно работeње. 

    Комплексот „Унико“ се ноаѓа на ул. „Доне Божинов“ во приземјето на зградата на ФЗЦ. 

    Повелете ве очекуваме, порачуваат менаџментот и вработените!

    (ПР текст)