×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев и Манчевски дадоа исказ во Кумановскиот суд

    20.01.2017 14:29 | KumanovoNews

    Во Основниот суд Куманово, денеска продолжи судењето против лидерот Зоран Заев и партијата СДСМ , по приватна тужба на генералниот секретар на ГРОМ Виктор Цветковски, за незаконско објавување на прислушуваните разговори.

    Заев и Манчевски дадоа исказ во Кумановскиот суд

    На рочиштето искази дале Зоран Заев како првообвинет и Дамјан Манчевски, како претставник на правното лице СДСМ. Во својата одбрана тврделе дека одлуката за објавување на прислушуваните разговори била донесена на највисоките органи на партијата.

    На предходните рочишта Заев и Мартин Костовски претседател на општинската организација во Куманово,  се изјаснија дека не се виновни за делата што се обвинети.

    Цветковски ги тужи поранешните сопартијци заради објавување на разговори со поранешната министерка Гордана Јанкуловска за обезбедување на гласови на ВМРО-ДПМНЕ помеѓу двата круга на локалните избори во 2013 година.

    Наредното рочиште е закажано за 13 февруари, кога ќе биде сослушан Костовски и ќе следуваат завршни зборови на тужителот и одбраната.