×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зајакнати полициски и инспекциски контроли заради заштита од пожари, најави Штабот за заштита и спасување

    01.07.2025 18:18 | KumanovoNews

    Општинскиот штаб за заштита и спасување најави повеќе мерки и активности, кои треба да се превзема да се спречи појава на пожари на територија на Општина Куманово.

    Зајакнати полициски и инспекциски контроли заради заштита од пожари, најави Штабот за заштита и спасување

    На состанокот во Општина Куманово биле присутни претставници на сите институции, а биле донесени следниве препораки, заклучоци и мерки: 

    Да се формира работна група од претставници на ЈП „Чистота и зеленило“, Комунална инспекција, советници и претставници од ромска заедница, со цел да се утврдат времени локации за поставување на садови за собирање на смет (корпи и контејнери), кои ќе бидат поставени на критични места каде што се исфрла најголемо количество на отпад и се создаваат диви депонии (Бавчи, Стари Лозја, Багрем бања Средорек и на влез во населба Перо Чичо).
        
    Сите податоци со кои располага Комуналната инспекција да ги проследи до СВР Куманово во врска со пронајдени сторители за исфлање на отпад, создавање на диви депонии и опожарување на јавно- прометна површина за нивно понатамошно постапување.
        
    Се задолжува ТППЕ Куманово да отвори времен пункт на локација Спомен костурница и постојано дежурство на пожарникари за следење на состојбата со опожарување и нивна брза интервенција на насочените критични локации  (Бавчи, Стари Лозја, Багрем Бања Средорек и на влез во населба Перо Чичо).
        
    Се бара од СВР Куманово да воведе позорникарски служби во следниот критичен период на посочените локации, поголемо ниво на контрола и превенција од опожарување и создавање на диви депонии, како и исфрлање на смет во речното корито.
        
    Се задолжува Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата да организира состанок во следните три дена со сопственици на земјоделски машини и мотокултиватори, кои се занимаваат со давање на услуга. На состанокот да се поканат и претставници на СВР Куманово и комунална инспекција за превенција и решавање на проблемите за неконтролирано исфрлање на смет и градежен отпад на поголем број локации на градот.
        
    Се апелира до граѓаните да не палат стрништа и суви треви (особено во наредниот период), како и да не се фрлаат отпушоци, за да не дојде до појава на пожари. Исто така, ОШЗС апелира до граѓаните сите забележани пожари на отворени површини и лица коишто фрлаат отпад и шут на јавно- прометни површини и речното корито, да се пријават на дежурните телефони 193, 112 и 075/221-372.  
       
    Да се достави Допис до Македонски железници за проверка на трасата во делот кај селата Агино село, Романовце и Лопате, поради честа пријава од граѓани дека на тие делови покрај железничката пруга доаѓа до искрење на жици и можност од појава на пожари.
        
    Да се достави Допис до ЕВН Македонија и АД МЕПСО за проверка на високонапонска мрежа – далеководи и затегнување на жици на територија на Општина Куманово, како можен причинител за појава на пожари поради искрење на истите.