×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нови „зебри“ на пола улица

    13.05.2025 12:55 | Оливера Пешевска

    Пешачки премини, т.н. зебри во близина на Градскиот пазар се обележани со нова боја само до пола улица.

    Нови „зебри“ на пола улица

    Граѓаните  се чудат и прашуваат дали е ова нова мода за обележување на пешачките премини во градот.

    „ Во Куманово ова е редовна пракса,  правено- недоправено, оставено на пола, неквалитетно изработено. Што и да е не не` изненадува. Можеле и само да нацртаат попречно линија со стрелки на краевите, ем многу побрзо ќе сработат, ем помалку боја ќе потрошат“, коментира пензионер.

    Одржувањето на хоризонталната сигнализација на дел од сообраќајниците во Куманово ги извршува фирмата „ВИА Сигнал“ од Скопје. Таа започнала со пролетното исцртување по целиот потег на булеварот „3 МУБ“, но било прекинато поради временските неприлики.

    „Надлежните од фирмата изведувач не информираа дека откако започнале со работа започнал силен дожд, по што морале итно да прекинат. Набргу ќе биде завршен и тој пешачки премин, а и сите планирани по должина на целиот булевар“, објаснуваат од Сектор за комунални работи.