Земјотрес се почувствува и во Куманово
08.05.2011 12:05
| KumanovoNews
Земјотрес со јачина помеѓу 3,4 степени според Рихтеровата скала почувствуван е денеска околу 11.47 часот во Скопје и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епоцентарот на земјотрескот е во скопското епицентрално подрачје.
Со послаб интензитет земјотресот е почувствуван и во Куманово и на други места во северниот дел од државата.