×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Живееме ли во иста држава?!

    22.03.2016 12:31 | KumanovoNews

    Читајќи го писанието на членот на ДПМНЕ се прашувам само едно, дали ние живееме во иста држава?

    Живееме ли во иста држава?!

    Дали го живееме истиот надреален живот,(живот кој повикува на бунт, на револуција, на рушење на постојните норми, на отфрлање од оклопите во кои сака да не стави власта креирајќи послушно општество), со кој ни дава почетен пролог критикувачот на општинските власти ? Ја гледате сламката, а не ја гледате гредата во своето око?!?

    Надреалистите сепак сакаати сакаа да го менуваат светот на и кон подобро.Во секој случај да го менуваат.

    Јас би сакал директно да прашам дали Куманово го сметате како град во Република Македонија и дали некогаш се одвоени средства за да се направи нешто во оваа општина последниве единаесет години од страна на централната власт? Одговорот е НЕ !

     Куманово како град кој допринесува за целокупниот буџет во нашата држава,повратно  нема добиено ниту денар за некој капитален проект. И немојте да ми ги пеете истите песни дека општината не аплицира за средства и не бара средства од владата. Не верувам дека ,,аплицираат,, и Штип и Прилеп и Велес, а таму сепак колку толку рамномено пуштате пари од централниот буџет за тековни потреби. Ама таму градоначалниците се од вашата партија, што е сурова поделба на ваши и наши, непојмлива за едно цивлизирано и европско општество кон кое се стремиме.

     Зошто ги напаѓате претседателот на Советот и членовите од СДСМ кои реално зборуваат за проблемите во општината кои секако ги има, но постепено со оглед на средствата и можностите тие се разрешуваат и реализираат.Се што е направено во Куманово е направено со општинскиот буџет. Сопственото мислење во СДСМ  е демократската придобивка на нашата партија, во која секој член има право да го каже и образложи своето мислење се со цел за подобрување на севкупната демократичност, за разлика од ДПМНЕ каде главниот збор го има еден човек и каде деспотизмот е на највисоко ниво, а мислењето на другиот може да се слушне само како шепкање во некои кулоари или ходници гледајќи отстрана да не наиде главниот, и да не ве слушне.

    Зошто кога сте толку загрижени за Куманово, не се завземете кај својот вожд, да апелирате да се направи нешто и за Куманово - сигурен сум дека општината и градоначалникот нема да одбијат било каков проект кој е во корист и на градот и на граѓаните. Гледам отварате тенисики терени по Макеоднија.Општина Куманово одамна ви даде локација, но вие не сакате тоа да го реализирате.Зошто? Затоа што е Куманово.Затоа што одите по логиката – да ги дотолчиме, ќе потклекнат, со тоа што нема да им даваме пари ќе ја изгубат силата, и ние ќе ја превземеме власта. Тоа е вашата логика, но верувајте тоа граѓаните го гледаат. Гледам пишувате дека партиските луѓе од СДСМ молчат за случувањата во државата и во градот. Тоа не е вистина, бидејќи ние сме постојано на терен и со граѓаните. Доколку сакате повелете со нас и ќе ги слушнете граѓаните, не е проблем да прошетаме заедно по градот и да слушнете што велат младите кои секојдневно земаат бугарски пасоши за тоа каде ги одведоа вашите реформи и вашите 600 вработувања дневно. Бидејќи работам во училиште тоа што го слушам од младите е рамно на катаклизма – сите сакаат да ја напуштат оваа држава бидејќи не се гледаат тука, бидејќи сакаат да работат и да заработуваат а не да преживуваат.Тоа е порзот кој јас секојдневно го слушам, и се обидувам да го сменам, се обидувам да создадам и да се изборам за подобри и попристојни услови за живот на секој од нас.

    Гледам ги спомнувате нашите сограѓани кои се вратија од Авганистан и Ирак и барате општината да ги искористи тие пари за да ја подобри економската сосотојба во градот. Како прво тоа се приватни пари и секој има право како ќе ги троши, а државата е таа која треба да создаде услови за да тие пари некој доколку сака да ги инвестира во бизнис. Меѓутоа вашите клима –бизниси од типот на Субрата Рој видовме каде не одведоа. Вашата клима за бизнис е толку непогодна што тешко дека и палмите што ги засадивте преко кои се испраа  народни пари ќе успеат.

    Вашата власт со сите сили и средства манипулира, рекламира и ја држи јавноста во една замаглена ,,нејзина“ вистина. Вистина која е всушност ЛАГА која се прави од една соба, напишана од тројца луѓе и секојдневно се чита по медиумите. Секој ден ИСТАТА ЛАГА ! Тешко е да се бориш и да сакаш да промениш нешто кога си медиумски оневоможен, блокиран и анатемизиран.

     Да, опозицијата константно последниве 10 години е под директно анатемизирање од страна на власта. Не се бираат средства со кои се напаѓа опозицијата.

     Секојдневно вршите психолошка пропаганда дека се отвораат нови работни места и дека во оваа држава има одлични услови и за бизнис и за политика и за живот. Но ситуацијата е далеку од таква, ситуацијата НЕ е таква, бидејќи во реалноста не е така, тоа не се случува, но власта преку медиумите вешто ја користи манипулацијата и ги убедува луѓето да поверуваат дека навистина се е добро во државата.

     Каде се вистинските работни места – ГИ НЕМА !

     Каде се инвеститорите и добрите плати – ГИ НЕМА !

     Вие што го читате оваа мое размислување во моментот сигурен сум дека не живеете добро доколку погледнеме од економски аспект. Сигурен сум. Застанете една минута и размислете дали не е така?

     Дали ви стигнува платата за сите ваши потреби?

    А знам, односно сигурен сум дека во Македонија мора и може да се живее подобро, и дека треба да се живее подобро. Ние нема зошто да се плашиме, мора да ја смениме оваа власт. Власта е таа која треба да се менува – секогаш. Било кој да дојде на власт доколку не чини треба да се смени. Мора да дојдат луѓе кои нема да крадат. ДА ! Тоа е вистинскиот збор кој сите ние го заобиколуваме, а е толку силен и моќен доколку сакаме да си замине некоја власт. Крадењето стана опсесија! А сте се запрашале ли дека доколку не се краде, ние ќе можеме да имаме поубави училишта, да имаме подобро и бесплатно здравство, па и да имаме подобри плати ?

     Каде е ОДГОВОРНОСТА последниве години ! Ја нема, се изгуби ! Тое е она застрашувачкото !

     П.С. – Во врска со ,,психолошкото портретирање,, во кое ги врамувате луѓето од СДСМ во вашето писание, во овој контекст би ја споменал мислата на нобеловецот Иво Андриќ со која би го опишал вашиот вожд.

    ,,Целиот свој живот се лекуваме од несреќното детство,,

                                   Сашо Тодоровски,

                                портпарол на СДСМ Куманово