Мени

ЗНМ го осуди убиството на француските новинари

09.01.2015 12:39 | KumanovoNews

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја осуди егзекуцијата на новинарите од францускиот магазин Шарли Ебдо од Париз.

ЗНМ го осуди убиството на француските новинари

Во овие тажни моменти изразуваме сочувство на семејствата на настраданите и се солидаризираме со целиот француски народ.Овој кукавички чин не е само напад врз слободата на медиумите, туку е  напад и врз цивилизациските вредности на слободниот свет.Насилството во никој случај не смее да се толерира, а злосторниците мора најостро да се казнуваат.Екстремистите и терористите мора да се поразат во име на слободата, мирот и  разбирањето меѓу цивилизациите,- се вели во соопштението на ЗНМ.