На Денот на дрвото ќе се сади на Живкова Карпа Утре во рамки на акцијата „Засади ја својата иднина„, во општината Куманово ќе се садат дрвца во м.в. Живкова Карпа, поточно на ридот над воените магацини над регионалниот пат за Свети Николе.
Штрајк на вработените во кумановска Македонија пат Вработените во кумановската секција на јавното претпријатие „Македонија пат„ денеска се приклучија на штрајкот на нивните колеги во Скопје, со барање да им се исплатат заостанатите плати за последните месеци.
Месарите го прославија Свети Ранѓeл Месарите од градот денеска го прославија верскиот празник Свети Архангел Михаил, кој се смета за заштитник на нивната професија.
Зголемен бројот на жртви во сообраќајки Во Куманово во првите 10 месеци од годината 9 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи.
Зимската служба подготвена за првиот снег Општината Куманово подготвно ќе ги дочека промените на времето и првиот снег.
Гимназијалците најдобри во регион по противпожарна заштита Екипата на гимназијата „Гоце Делчев„ победи во категоријата средношколци на регионалниот натпревар за противпожарна заштита што денеска се одржа во Кратово.
Промовиран филм за жената и традицијата Денеска беше промовиран проектот „Традиција, пречка за остварување на правата на младите жени„ што го реализираа невладините организации Коло на српските сестри, Мајка, Кумановка и Сирма.
Саем на креативноста на учениците во „Крсте Мисирков„ Во основното училиште „Крсте Мисирков„, по повод патрониот празник денеска се оганизираше, манифестацијата Саем на креативноста.
Додека кризата вришти, проектите ќе ќутат Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница ја обвинија локалната администрација дека подготвува нереални програми за развој на градот, кои подоцна не може да ги реализира поради немање пари.
Изложба Кумановски графичари 2011 Вечерва во 20 часот во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “ Трајко Прокопиев “ - Куманово ќе биде отворена биеналната изложба на графики - “Кумановски графичари 2011“.
Кумановци даваат поддршка на Манифестот на Македониумот Кумановци можат да дадат подршка на "Манифестот на Македониумот", иницијативата за собирање потписи која ја покрена група македонски спортисти и уметници, а како реакција поради изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.
Регистрација на земјоделците во тек Управата за јавни приходи организира обуки на земјоделците, каде ќе им ја објаснат постапката како да се регистрираат и да поднесат барање за паушално одданочување.
Жените знаат кој праз е подобар Што е по на север празот е поголем, па кумановскиот праз е без конкуренција, но струмичкиот е подебел и поцврст, велат оние кои се разбираат во оваа градинарска култура.
Голем интерес за режановска „Празијада“ Во селото Режановце вчера се одржа првата „Празијада“, на која се бираше најквалитетен праз и највкусен специјалитет од него.
На Свечена академија доделени Ноемвриските награди По повод 67 годишнината од ослободувањето на Куманово денеска се одржа Свечена академија на која беа доделени Ноемвриските награди. На академијата беа презентирани проектите на локалната самоуправа реализирани во текот на мината година, а следуваше и културно-уметничка програма.
Ќе се лустрираат новинари од приватните медиуми Новинарите од приватните печатени и електронски медиуми од 1 декември до 1 февруари ќе треба да достават изјави до Комисијата за верификација на фактите дека не соработувале со тајните служби.