Водовод доби современо возило Јавното претпријатие „Водовод„, доби од швајцарската влада цистерна во вредност од 100 иљади евра.Донацијата е дел од проектот МЕАП, кој е во завршна фаза.
Училиштето „Бајрам Шабани„ доби парно греење Во основното училиште „Бајрам Шабани„ денеска беше пуштено во употреба централно греење. Проектот чини над 100 иљади евра, а сретствата ги обезбеди локалната самоуправа Куманово.
Запленети 33 иљади петарди Џ.А. (50) од Черкеско село во својата куќа чувал 33.678 парчиња петарди наменети за продажба. Полицијата ги пронашла минатиот месец при претрес на куќата.
Годишен концерт на играорците-пензионери Културно уметничкото друштво „Ѓоко Симоновски„, кое работи во состав на Здружението на пензионери "Куманово", викендов го одржа традиционалниот годишен концерт насловен "Пензионерите за својот град".
Ги оставале децата да питачат на граница С.М. (38), Ѓ.М. (31), Х.Ф.(48), С.О. (48), Ж.Џ. (28) и Р.С. (37), сите од Куманово ги оставале нивните деца да питачат на граничниот премин Табановце.
ВМРО-ДПМНЕ: Сметките за вода ќе се зголемат за 25 одсто Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција уште еднаш го обвинија градоначалникот и СДСМ, поради тоа што граѓаните на Куманово од идниот месец ќе плаќаат повисоки сметки за вода.
Богата програма за Денот на градот Прославата ќе започне од почетокот на ноември кога ќе бидат пуштени во употреба повеќе инфраструктурни објекти, а ќе заврши со Свечената академија и доделувањето на Ноемвриските награди.
Нѐ избришаа од патоказите затоа што не сме нивни Општината Куманово ќе реагира до Агенцијата за државни патишта, поради тоа што Куманово е испуштено од патоказите на новиот автопат од граничниот премин Табановце.
Продолжува педесет и третата седница Советниците денеска ќе ја продолжат педесет и третата седница, откако вчера ја прекинаа работата по донесување на одлуката за воведување на нова комунална такса за пречистување на отпадните води.
Граѓаните добија нова комунална такса Граѓаните на Куманово од 1 ноември ќе плаќаат нова давачка, комунална услуга за пречистување на отпадните води во градот. Секое домаќинство покрај сметката за вода, на ЈП „Водовод„ ќе му плаќа уште 8,5 денари за преработка на отпадните води во Пречистителната станица во селото Добрешане.
Советникот Бекири стана директор На советникот Хуљуси Бекири од ДУИ, денеска му престана мандатот, поради неспоивост во извршување на јавни функции и судир на интереси.
Ќе се зголеми цената на водата? ЈП „Водовод„, утре од советниците ќе побара согласност за зголемување на цената на водата. Со воведување на нова комунална услуга, пречистување на отпадни води, граѓаните ќе плаќаат уште 8,5 денари по м3 вода.
Шест граѓани побарале бесплатна правна помош Во Основниот суд Куманово, во рамките на одбележувањето на Европските денови на граѓанска правда што го организираше Министертвото за правда, само шест граѓани побарале бесплатна правна помош.
Се одбележува Недела против расизам По повод „Неделата против расизмот“, Национален Ромски Центар во соработка со FARE мрежата, денеска на Градскиот плоштад организираше промоција на кампањата за намалување на стереотипите и дискриминацијата.
Одбележана 99 годишнината од Кумановска битка На Спомен костурницата на паднатите борци Зебрњак во близина на Куманово вчера беше одбележана годишнината од Кумановската битка, кога во 1912 година била извојувана голема победа над турската војска.