×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Градот-на граѓаните!

    Др.Мице Дудучки

    Во овие турбулентни времиња полни со неизвесност и нужни промени, кога размислуваме глобално а треба и мора да делуваме локално, сите активности се свртени и кон урбаното живеење, кон приспособување на урбаната структура на потребите и интересите на граѓаните, затоа што тие се она живо градско ткиво кои го даваат печатот на една урбана заедница.

    Често се прашуваме дали нашиот град ги има сите нужни прерогативи за пријатен и угоден амбиент во кој ќе живееме, ќе создаваме, во кој нашите идеи, креативност и заложби ќе ги преточиме во конкретни активности и дела, не толку заради нас самите, колку заради потребата градот, дражавата, планетата да ја оставиме во подобра состојба за потребите на идните поколенија.. Ако се согласиме со фактот дека целината е составена од елементи, тогаш и урбаните заедници со сите нивни меѓусебни врски и влијанија ќе го дадат мозаикот кој се нарекува држава во географска смисла на зборот, а пак тие поголеми коцкички од мозаикот ќе ја дадат големата слика на мозаикот кој го нарекуваме планета Земја.

    Потребата да делуваме локално се наметнува како императив затоа што од руралните и приградските средини се поголем е притисокот од населението во срцето на урбаната единка, која со оглед на историските збиднувања веќе нема капацитет да ги апсорбира сите тие барања и да овозможи комотен и удобен живот на секој граѓанин на градот..

    Напросто, примарно и нашиот град ниту бил проектиран, ниту имал реални просторни можности да стане најголема општина во државата а тоа да не се реперкуира врз инфраструктурата, енергетиката, сообраќајниот режим, водните и останатите ресурси неопходни за нормално живеење.

    Конкретно, Куманово, со пригратските населби стана еден конгломерат на луѓе со исти и слични потреби но со различни можности и услови за нормално живеење. Идејата во градот да се воспостави режим на еднонасочен сообраќај сама по себе не е лоша, но дали реално имаме такви паралелни улици, трансверзали какви што се нашите два булевара кои ќе бидат премостени со адекватни сообраќајници за непречено да се одвива сообраќајот а тоа да не го комплицира и отежнува функцинирањето на сообраќајните потреби на секој граѓанин. Дали во градот треба да се прават мастодонски крстосници со скапи и глупави семафори или секаде, каде што условите дозволуваа да се направат кружни текови, оти овие „скупи и глупи“ решенија станаа и црни точки на нашите сообраќајници. Од друга страна, масовно и некритично се узурпираше слободниот градски простор за потребите на граѓаните, а против потребите на граѓаните, па од секое слободно парче асфалт, локалните власти во нашите градови направија паркиралишта а се со цел да се узурпира просторот кој ние граѓаните со наши пари го изградивме а да се направат ад хок фирми кои ќе вдомуваат партиски или инакви невработени со цел да се полни градската каса, а граѓаните да се чувствуваат „скуќено“ во таквото просторно ограничување. Па повелете, купете простор, изградете гаражи или паркинг простори, одржувајте ги и тогаш од граѓаните барајте  наплата на паркинг просторот. Со еден збор, така нареченото зонско паркирање е против интересите на граѓаните а го зголемува сообраќајниот хаос со узурпирање на тротоарите од страна на паркираните возила, што е пак директна закана за безбедноста на пешаците а тие се, секако најбројната категорија на учесници во сообраќајот.

    Недостатокот на урбана опрема во смисла на одржување на комуналната хигиена е евидентен, поставување на контејнери за селектиран отпад е нужност , каде што и комуналната свест на граѓаните , како и комуналната култура ќе се подигнат на повисоко ниво, а и ќе има доволно материјал за рециклажа и секундарни сировини, кон што секоја нормална држава тежнее.

    Евидентно е дека јавните површини се узурпирани од угостителски објекти, па во нашиот град имаме еден инаков „Скопје 2014“, а за сметка на дефицитарните зелени и цветни површини, паркови и тревници кои ќе бидат толку потребните бели дробови на градот.

    Добриот обичај од време на социјализмот за миење на улиците во пролетниот и летниот период полека се напушта, не толку заради редуцираните ресурси, току заради намалената еколошка свест кога се работи за комуналната хигиена. Куманово има капацитети да стане поубав, порационален и попрактичен град по мерка на потребите на граѓаните, ама нужно е да се слуша нивниот глас, да се артикулираат нивните легитимни потреби, серизоно да се разгледуваат нивните предлози и мислења, без бирократки и „салонски“ одлуки на одредена група градски службеници, кои евидентно се скарале со усузите и нормативите на урбанизмот како наука и како пракса.

    За артикулирање на потребите на граѓаните, одамна, предлагав градот да има вистински градски совет, составен од докажани стручњаци во сите области на општественото живеење, како градска, волонтерска организација со најдобри намери, своето знаење, стручност и искуство да го применат во функција нас советодавно тело на градските власти, но и коректив на сите неадекватни и глупави решенија во комуналното уредување. Такавиот паралелен градски совет ќе биде составен од професионалци во областа на образованието, правосудниот систем, здравството, хидрографијата и хидропотенцијалите на општината, геолошките  и минералните потенцијали, сумското богатство, културно-историските споменици и археолошки локалитети со кои изоболува општината и североисточниот плански регион. Знаењета од областа на економскиот развој, евроинтеграциските процеси, културата, уметноста, спортот, традициите, флоклорното богаство и диверзитет, да бидат преточени во една програма на општината која ќе се реализира  постепено, но со пермаментни активности. Со тоа ќе бидат ангажирани сите интелектуални потенцијали, знаења и способности, предлози и идеи како нашиот град да го направиме поубав, функционален, со одржив комунален развој а во интерес на граѓаните кои имаат право  да ги задоволат своите потреби на похумано и поцивилизирано урбано живеење. Но како и секогаш, властите остануваат глуви на вакви идеи и размислувања за кои верувам дека ги делат поголем дел од нашите сограѓани. Заклучокот сам по себе се наметнува: Градот-на граѓаните!

    Др.Мице Дудучки, Др. Мице Дудучки - невропсихијатар

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*