×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • И З Б О Р И

    Виктор Божиновски

    Иако вообичаено пишувам за локални теми, сепак се наоѓаме пред претседателски и парламентарни избори, па сметам дека е важно да го споделам своето мислење со Вас, читателите.

      Најпрвин за претседателските избори. По се изгледа дека ќе имаме седум кандидати што е добро за демократијата, бидејки граѓаните ќе имаат вистински избор, што значи дека и излезноста на овие избори по мое мислење ќе биде и поголема. Од кандидатите три се универзитетски професори, двајца лекари и два градоначалници од кои еден со сомнително образование, ама така е како е. За другите кандидати сметам дека нема да можат да ги соберат потребните 10.000 потписи.

      Според она што го слушаме од овие кандидати, дури шестмина ќе бидат “патриоти“ и ќе ни кажуваат “прикаски“ од типот на редефинирање на Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија, додека само еден, актуелниот Претседател Стево Пендаровски ќе биде кандидатот со реални ставови, на левата страна на политичкиот спектар, на онаа либералната страна. Ваквиот политички феномен е резултат популизмот и екстремната десница, кој се појави во неколку држави во Европа па еве се пресликува и во Македонија. Во Македонија овој феномен е посложен поради неспособноста на партиите врз основа на сличноста на политичките идеи, а не врз основа на дневно-политичките потреби да формираат предизборна коалиција. СДСМ се обиде да го направи првиот чекор меѓутоа тоа очигледно тешко ќе оди за претседателските избори, меѓутоа за парламентарните мислам дека се уште постои шанса за формирање на ваква широка коалиција. Во вакви општествени и политички услови во Македонија, многу лесно поминува “прикаската“ за минатото, храброста, и за чувството на загрозеност на нацијата, особено на македонскиот народ, “прикаска“ која нема врска со реалноста.

      Околу конечниот исход од претседателските избори, прилично е јасно дека во вториот круг ќе влезат актуелниот Претседател на државата Стево Пендаровски и кандидатката на опозициската ДМПНЕ, трет, веројатно ќе биде кандидатот на ДУИ Бујар Османи, четври кадидатот на здружената албанска опозиција Арбен Таравари, додека останатите три кандидати ќе се борат за 5-7 место.

      Во вториот круг, сметам дека ќе имаме ист резултат како пред 5 години со победа на актуелниот Претседател Стево Пендаровски. Имено, она што тој го кажа вчера при промоцијата на својата кандидатура за Претседател на државата, се е точно. Во неговиот прв мандат како Претседател, Стево Пендаровски нема направено ниту една стратешка грешка, не постои ниту една корупциска афера во неговиот мандат, на крајот на краиштата, го врати дигнитетот на функцијата Претседател на државата после онаа несреќа наречена “Хорхе фикус“, и за целиот свој мандат ги бранеше интересите на државата, како во внатрешната така и во надворешната политика.

    Што се однесува до парламентарните избори, ситуацијата е исто така сложена.

      Прво, ги гледавме анкетите објавени на МРТ кои даваат предност на ДПМНЕ. Проблем со овие анкети е што се изработени од агенција која не само што е исклучително блиска до ДПМНЕ, туку има и директни контакти со високи функционери на опозиционата партија, па оттаму е сериозно проблематична и не се совпаѓа со анкети на другите агенции.

      Второ, доколку не дојде до формирање на широк Европски блок предводен од СДСМ во кој би учествувале и вајважните албански партии, во албанскиот блок јасно е дека ДУИ ќе ја победи здружената албанска опозиција со разлика од најмалку 4-5 пратеници.

      Трето, исто така е јасно дека ЛЕВИЦА и ЗНАМ ќе освојат најмногу по 3-4 пратеници, бидејќи “прикаската“ делумно им поминува меѓу граѓаните иако се работи за гол популизам без никаква идеологија. Имено, и едните и другите “глумат“ дека се левичарско настроени партии, а всушност имаат радикално десничарски ставови, всуштост тие се поголеми патриоти и од патриотите од ДПМНЕ.

      Четврто, сосема на крајот, очигледно е дека граѓаните на овие избори ќе бираат помеѓу прогресивните политички сили кои се обидуваат да ја внесат Македонија во Европската Унија и помеѓу “мрачните“ политички конкуренти кои прават се да останеме таму кај што се наоѓаме, во чекалната на ЕУ заедно со земји како Босна и Херцеговина, Србија, која е наш најдобар сосед, меѓутоа никогаш нема да ја види ЕУ додека не се реши проблемот со Косово, и Албанија која ни крива ни должна се “влече“ заради Македонија.
    Нас географски навистина ни е место на Балканот, но политички мора да направиме се што можеме што поскоро да влеземе во Европската унија.

      Сосема на крајот, се плашам да не ни се случи “бугарското сценарио“... Никој да не може да формира Влада и да влеземе во циклус од нови и нови избори. Затоа, “памет во главата“, ајде сите да одиме напред!

    Виктор Божиновски адвокат

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*