×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Избори-дајте избори..!

    Војче Крстевски

    Нема слободно време,па и на работа ако треба мора се да биде подредено на тоа, да се мисли како да се добие изборната битка бидејќи таа живот значи. Да се биде или не. Тоа и граѓаните почнуваат да го чувствуваат како поблага форма за придобивање на нивниот глас. На пример како ќе одминува времето политичарите ќе биваат се поблиску до народот, ќе имаат време и на улица да застанат со вас,да ве прашаат за некоја ваша мака која ќе биде решена само да се истурка ова работа односно да се добијат изборите, ќе ви мавтаат со рака и ќе ве поздравуваат иако до вчера не ве ни познаваа доволно а сега сте им како најблиозок роднина, пријател, другар од војска, школски…! Еве од пред некој ден општинската СДСМ и официјално најави штабско работење, што значи целосна мобилизација на членството за претстојните избори-за сега за сигурните претседателски, но да се биде подготвен и за евентуалните предвремени парламентарни бидејќи како што велат  власта ни ора ни копа-кога ќе посака ќе распише избори и може да не фати на спиење. Се плаши СДСМ спиењето и длабокиот сон да не преминат во децениски кошмар од кој нема лек. Од друга страна,лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  и премиер Никола Груевски јасно стави до знаење дека и овие избори опозицијата ќе ги изгуби, само не рече дали тоа се однесува на претседателските, на предвремените парламентарни или на едните на другите. Во секој случај не очекува жешка пролет особено ако има и вонредни парлементарни избори. Изборите за претседател на државата во никој случај не можат до толку да ја дигнат тензијата кај партите и кај гласачкото тело како парламентарните освен што на крајот кога ќе се сведат сметките  може до некаде  да се види какво е расположението на електоратот-која партија колку вреди. Ова особено ќе се однесува на новоформираните партии како што се ГРОМ на Стевче Јакимовски и Алијансатаза позитивна Македонија(АПМ)на Љупчо Зиков,но не помалку на испит ќе биде СДСМ со новото раководство.

    По неколкуте меѓусебни кавгаџиски соопштенија во стилот кој повеќе одработува за власта или за опозицијата, кој повеќе е корумпиран или криминален, кој повеќе има членови-ЗНМ или МАН, власта одлучи да не преброи-како овци. Нема потреба кои се црни или бели,важно е колку се на број за да може од нив од двете стада-здруженија да се изберат членови за високоплатените работни ангажмани во новоформираната Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. За што друго би не пребројувале, кога друго се е јасно како ден-пушти вести на телевизија и  ќе видиш партиски дневник.

    Советот на општината Куманово се повеќе ме потсетува на парлементот. Како сега да ги слушам зборовите на Стојан Андов:се молат службите да ги повикаат пратениците(кои јадат и пијат во собраниското бифе по багателни цени,м.з.) да влезат во салата за да гласаме. Во Советот на општината претседателот Максим Димитриевски не ги вика советниците, тие се уредно поканети да дојдат на седниците, ама кога е густо-дава пауза. Белким до тогаш ќе налета некој советник од владечкото мнозинство и извештај, програма или одлука ќе биде усвоен. Ако не, има нередна седница.Еднаш ќе се погоди сите советници да бидат на број.

    Дека прес-конференциите на партите можат да бидат актуелни покажа последната на ЛДП-блокирањето на сметките на граѓаните за неплатена радиодифузна такса за јавниот радиодифузен сервис(МРТВ). Кај нас е така,не мора ни да гледаш ни да слушаш и дали ти се допаѓа тоа или не, дали користиш или не, дали некој за твои пари ужасно те нервира не е битно, ама мора да платиш.

    Војче Крстевски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*