×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Манипулација преку камен темелник

    Бране Петрушевски

    Довербата во политиката е правопропорционална со историјата на исполнети ветувања. Народот му верува на одреден политичар онолку, колку што тој политичар реализирал од своите ветувања. Ведаш штом нереализираните ветувањата ќе почнат да се натолажуваат, довербата опаѓа... Овие ветувања народот ги слуша на избори, во вид на програми и согласно тоа се одлучува на кого ќе го даде своојот глас. Нереализирањето, но и реализација на други „проекти“ кои што не биле презентирани пред изборите, во најмала рака, е манипулација со граѓаните што доведува до сигурен пораз на наредните избори.

    Манипулацијата со граѓаните на Куманово, во последниот период, ја достигнува својата кулминација. Никаде ги нема проектите ветени од локалната власт. Никаде ги нема катните гаражи, реконструираниот Занатски дом, нова општинска зграда, многуте нови улици... Ги имаше многу, сигурно секој од Вас ќе се присети на уште некое... Но наспроти овие нереализирани ветувања, локалната власт не почести со реализација на „проекти“ кои никаде и никогаш ги немаше ветено. Тука би ги набројал, поскапувањето на водата (кое патем речено најверојатно е незаконско за месец Октомври), рекетирањето со наплатата на паркирање, цртање на пракинг места, поскапувањето на такси превозот...

    Деновиве, по повод празникот на градот, сите бевме сведоци, на неколкуте сечења на ленти. Најмногу од нив беа пуштање во употреба на гасификација во одредни општински институции, но и најинтересниот, поставување на камен темелник на затворен базен. Се прашувам јас, а и поголемиот дел од кумановската јавност, во кое својство фрлаше лопата пензионерот Бранко Црвенковски? Тој не е носител на никаква јавна функција, а уште помалку има врска со гореспомантиот проект. Знам дека СДСМ, го смета Куманово за своја сопственост, но сепак, тоа е далеку од вистината. Да поставуваа камен темелник на партиски објект, се ќе си беше во ред. Но вака, кога се поставува камен темелник на објект од јавен интерес, за кој земјиштето го отстапи Владата на РМ, да фрла лопата Бранко Црвенковси претставува потценување и манипулација со граѓаните на Куманово.

        Нејсе, имам чувство дека на ваков начин, со неколку сечења на ленти, градоначалникот сака да се претстави како успешен политичар. Но сепак ќе го разочарам... Ќе треба уште многу труд и знаење да вложи за да биде успешен политичар. Разликата помеѓу него и успешен политичар е огромна, колку што е огромна разликата помеѓу поставување на камен темелник и пуштање во употреба...

    На крај ќе повторам, секоја манипулација со граѓаните завршува со пораз на избори, почитуван градоначалнику. Размислете...

    Советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово

    Бране Петрушевски советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*