×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Очајот на факелистите

    Дејан Ристов

    Денеска 24.04.2016 година кога ги пишувам овие редови ,требаше да се одржат предвремените парламентарни избори.Така беше договорено,но не испадна ништо од тоа.Зоран Заев и соработниците,учесници во подривањето на сопствената држава не прифатија да учествуваат на избори,се заканија дека ќе бојкотираат, со изговор дека нема услови за фер и демократски избори.Се фатија за избирачкиот список,шпекулираа со половина милион спорни гласачи,па ги намалија до некаде под  90 000,за да на крај при теренската проверка која сто пати ја опструираа,да се увиди баналноста на целата политика на одложување од страна на  СДСМ .Секој ден слушаме закани ,црни предвидувања од страна на главните протагонисти во ова организирано,деструктивно и антидржавно иживување со 2 милиони луѓе.Резигнирани,гледаме протести пропратени со насилство врз полицијата и институциите ,и при тоа не може да си го замислиме епилогот од овој кошмар предизвикан од самопрогласените носители на факелот на слободата и демократијата.Толку многу флоскули,пароли за конечното ослободување,пророчки изјави дека уште малку и сите ќе се радуваме на светлината што ќе ни ја донеле промените, а всушност само ефтини но крајно бескруполозни обиди за манипулација!Не знаеш што е поштетно!Дали пропагандниот терор што ни го вршат, или пак она неартикулирано боење кое сакаат да ни го  претстават  како некој уметнички перформанс, со цел целосно да се делегитимира “режимот “ креиран од нивната демагошка но заразна реторика.

    Она што најмногу разочарува е што и покрај шаренилото со кое прскаат по на,с не може да се забележи ниту малку автентичност во целата операција,ништо ново што би требало да излезе од средината како некаков посебен белег на протестите,на несогласувањата.Целиот циркус буквално е преземен ,препишан од надвор што укажува на тоа дека и да имало,а сигурен сум дека секогаш има,потенцијал за некакво демонстративно незадоволство ,тоа во случајот е злоупотребено и неговиот капацитет да иницира промени  е ставен во едно протестантско клише,модел кој инструментализира било какво искрена потреба за демонстрација ,со цел остварување на туѓи интереси кои немаат врска со демократија.На овие насилнички протести,често се користи Волтер за да  им се даде   идеолошко-просветителски тон на промените кои се бараат,да се истакне борбата за слобода на мислење,демек колку и да сме се разликувале во ставовите ние како граѓани на ослободената иднина истите беспоговорни ќе ги уважуваме.Уште една фасада која има за цел да ја сокрие тоталитарната наезда која доаѓа со овие протести, да не го почувствуваме нихилизмот кој е главниот мотор на ова квази-движење кое нема капацитет за помасовна мобилизација,но покажа дека е многу опасно.Не може да се шири бидејќи нема  силна конвергентна тежа во нивниот комплот.Единствено што ги води е презирот кон мнозинството граѓани во државата.Тие претставуваат еден  збир од платеници-активисти,индоктринирани млади луѓе кои деновиве доживуваат  романтичарски зенит и од обезличеното и очајно СДСМ на чело со  Зоран Заев ,спремно да јава на апокалипсата, која може да им подари само моменти на губитнички триумфализам.Денеска во Македонија е многу тешко,но ќе издржиме.Спремни сме и понатаму да не плукаат и мразат ,да не исмеваат и навредуваат ,да го бришат подот со се што ни е свето,да газат по ВМРО-ДПМНЕ со цел да го снема,да ги провоцираат полицајците за да предизвикаат поголем инцидент,се ќе поднесеме.На крајот ќе победиме во овој маратон, затоа што нашата сила доаѓа од љубовта кон нашата татковина,а таа е непресушна и наша должност е така и да остане,затоа што така и не воспитале!

    Дејан Ристов, Дејан Ристов, политиколог

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*