×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Претприемачка државна администрација“

    Доц. д-р Синиша Наумоски

    Секогаш, како човек, имам карактеристика да верувам во тоа што го пишувам. Имено, без разлика, колку оптимистично е напишан, текстот во мојата претходна клумна (особено на крајот) убеден сум, дека во скоро време ќе се аплицира во пракса. За таа цел, во функција на поопфатност во моите тези, на мислење сум, на почетокот уште еднаш да подвлечам некои делови од таквите лични размилувања за „Македонија утре“.   

    Најнапред, според мене, Македонија ќе биде држава со силна „претприемачка Влада“ и најповеќе со „претприемачка државна администрација“, која иако превработена, во никој случај нема да биде отпуштена, туку напротив, бројот ќе се зголемува. За таквиот зголемен број на челнови во администрацијата да биде одржлив, и речениците кои јас ги пишувам да бидат реалистични, МОРА да се воведе т.н. приницип на децентрализирано плаќање по институција, и тоа, за сите државни (јавни) службеници согласно нивниот учинок. Тоа подразбира дека времето на еднаквост во месечните плати ќе заврши. (На пример: основана нето плата за сите админстартивци ќе биде фиксна и ќе изнесува еквивалентно на најниската нето плата во РМ за 2015 година, 9.600 денари, додека пак, во структурата на бруто платата, варијабилниот дел ќе биде далеку поголем од основниот и ќе се менува во согласност со учинокот на работникот).  

    Ако одиме со реален пример од пракса, јас ќе земам во ова толкување, пример со едно јавно училиште или јавен факултет. Како е таму сега? Има многу кадар, од сите партии наталожен со години наназад... Понатаму, во структурата на кадарот (еве на државниот факултет „XY“ во Тетово) имаме кадар со сомнителни и брзи дипломи, а сепак легализирани... имаме и поедници со квалитетни дипломи кои имаат вредност, но нè се работливи, туку „бистрат политика“ преку стекнатата позиција... има пак, кадар кој нема силно лоби и политичка поддршка, туку „кутруот тој“ ја има улогата да работи за сите претходно споменати... Така ли е? Ако е така, а така è, тогаш се поставува прашањето како да се најде решение во контекст на оправданост на улогата на мојата т.н. „претприемачка државна администрација“... Решението, согласно мојата теза е во следнава приказана:  

    Ако во „Државниот факултет XY“ во Тетово, моментно има два професори кои се ангажирани во редовен работен однос (со партиска препорака) за предметната дисциплина „Основи на сметководство“ и фиксна нето плата од 50.000 денари, може да се каже дека тоа се премногу професори за еден предмет, кои не ги исполнуваат очекувањата кај студентите (или ако е болница – кај пациентите). Но, менаџментот нема решение, бидејќи двајцата имаат неопределен статус на работници и секако крајно è неетички и нечовечки да се отсрани некој од работа, дури и кога партијата тоа го налага. Како и да е, трошокот за нив на месечно ниво изнесува нето 100.000 денари. Згора на тоа, ако на тоа се придодаде списокот на чекање на младите д-р на науки (или доктори лекари ако е болница) за влез во јавна администација од една, и ветувањето на политичките партии за нови вработувања во админстарцијата од друга страна, проблемите стануваат преголеми. Оттука, филозофијата „претприемачка државна администрација“ ќе постави варијабилен-децентрализиран систем, и тоа: постоечките два професори ќе имаат фиксен дел на плата од 10.000 денари, нема да се маргинализираат, туку напротив ќе се придодадат (вработат) нови двајца професори, со тоа што сега изборот ќе биде многу поголем кај студентите во контекст на понудата. Платата на новите секако ќе биде иста, фиксна (10.000 денари) и со тоа ќе се добие вкупен фиксен трошок за менаџемнтот на факултетот за четири професори од 40.000 денари. Што значи, до бројката од претходните 100.000 денари има уште 60.000 денари за распределба. Сега, за овие 60.000 денари борбата за докажување ќе се разгори, до таа мера што ќе предизвика (со 100% веројатност) зголемен интерес кај новите студенти во иднина, кои нови дополнителни студенти понатаму ќе го зголемуваат приходот на факултетот, а со самото тоа ќе го зголемуваат точно тој дел на институцијата кој е наменет за варијабилна плата. На крајот, некој од поедниците професори (лекари ако е болница) ќе достигне плата од 60.000 денари, а некој, кој ќе се определи да нè се вложува премногу, ќе остане на почетните 10.000 денари и т.н. Ова секако дека è можно, иако навидум почитувани читатели Ви изгледа дека е утопија, но верувајте, не во потполност уредено, ова во стопанскиот сектор веќе одамна функционира.   

    Како потенцијлана опасност, во ваквата моја теорија за „претприемачка државна администрација“ опишана во примерот со образовната институција погоре, може да се истакне - објективноста во распределбата на варијабилниот дел од платата на работниците чинители на новиот систем. Впрочем, се прашувате: на кој начин, кој и како ќе го врши тоа? Одговорт е јасен: системот на буџетирањето и планирање или современо наречен „Controlling системот“ т.е. „controlling менаџерот“ ќе ја има таа силна улога за распределбата на варијабилитетот во јавните организаиции. Него пак, ќе го поставува главниот менаџер-директор, кој пак, ќе биде поставен од страна на Владата т.е. кај нас партијата (...е сега во партијата месните менаџери по маала, ќе си објаснат дека менаџерите кои ќе конкурираат мора да бидат лица не со големи „бради“ и искуство во плакатирање, туку со навистина експертско познавање на финансискиот менаџмент, планирање и буџетирање. Ако ги немаат ќе си објават оглас...) Понатаму, во горниот Владин менаџмент ќе има т.н. „макроекономска претпреимачка комисија“ која ќе прави „actual-буџети“ за целиот сет на јавни организации (во согласност со Буџетот на РМ)... би рекол на ваков начин ќе се формира тој т.н. претприемачки систем, кој, менаџерите надолу ќе го следат согласно утврдените таргети. Кој од нив, мислам на менаџерите, ниво под Владата, ќе успее да ги надмине, секако добива парична НАГРАДА (доплнителен над-варијабилен дел на плата)! Така корупцијата полека ќе заминува, а системот ќе владее вечно!

    Германија почива на ваквата „Controlling филозофија“, затоа во текот на едно столетие неверојатени три пати од „пепелта“ се издигнува како успешна држава, за денес пак, да се наметне како една од најсилните економии во ЕУ. Впрочем, „controlling филозофијата“ преку големиот Алберт Дaјле тие ја измислија. Кај нив владее системот на планирање и буџетирање на децентализирано ниво по компанија, а Меркел само има протоколарна улога како дел од тој систем... Во Греманија системот е „Меркел“, а кај нас „Меркел“ е системот!        

    ПРОДОЛЖУВА...

    Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*