×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „СВЕТАТА ЗЕМЈА“

    Доц. д-р Синиша Наумоски

    Во функција на огромното значење кое Израел го има во севкупната меѓународна политика и создавање на повеќето влијателни религии, се одлучив, оваа колумна да ја посветам токму на т.н. „светата земја“. Како што сите знаеме од историја во 1947 година, по одлука на ОН, Палестина се дели на апаска и еврејска, така што година подоцна Еврејскиот национален совет го прогласува формирањето на Државата Израел, како држава на Евреите. Додека пак, Арапската Палестина никогаш не се основа... Практично и официјално со тоа почна војната т.н. арапско-израелска (историчарите подобро знаат), а која сè уште е во тек... Овој бурен воен период од околу 70-тина години, дава резултат за државата Израел, такашто таа конструира една од најсилните армии на свет, како и една од највлијателните воено-разузнавачки служби исто така... Тука да не заборавам да потенцирам дека во авионскиот сообраќај, израелските авио-копмнии се искануваат со тоа што, нема ниту еден патнички авион кој бил книдапиран, или пак урнат... Понатаму, како главни индустриски гранки, особено битни и за нашата економија, се сметаат: металургија, производството на машини, автомобили, авиони, бродови и оружје. Исто така, хемиската, фармацевтската, електронската, прехранбената и индустријата за широка потрошувачка се значително развиени. Многу битен факт вели дека во Израел постојат повеќе од 700 компнаии (или сл.) за обработка на дијаманти (или тоа е некаде над 50% од светското производство). Импресивен факт ќе се согласите!   

    Република Македонија, како земја со огромни потенцијали во земијоделското стопанство, може и мора да соработува, да користи know-how од земјоделското искуство на Израел, кое обезбедува високи 75% од вкупните потреби за прехрана на домашното население. Ако се знае дека голем дел од територијата на Израел е во пустински предел, со право може да се заклучи дека постојат цели мрежи на водни акумулации и канали, каде што è овозможено одгледување на земјоделски култури. Но, она што за мене представува најголемо достигнување на еден човеков развој, секако е развојот на моралот на нацијата и духовноста до ниво на беспрекорна либералност во секој поглед, која може силно да се почувстува на територијата на „светата земја“.

    Имено, јас не сум видел друга земја, освен оваа погоре спомената, во која се обединуваат толку многу култури и религии на едно место. Практично, во дијаметар кој нè е поголем од стариот дел на Охрид, Вие може да забележите муслимански, еврејски, христијански и слични храмови кои го означуваат нивниот зачеток. Чудесно за многумина ѝ неразбирливо, но едноставно тоа функционира. Оттука, ние како мултиетничка, мултикултурна и мултирелигиска држава, во целост треба да ги почитуваме вредностите и темелите на кој Израел е изграден. Впрочем, тие го имаат Ерусалим, а ние го имаме Охрид. Тие се Евреи, кои со висок морал го почитуваат малцинството Муслимани, а ние сме Христијани кои истотака треба со висок морал да го почитуваме нашето малциснтво – Муслимани и останати. Мултиетничноста, мултикултурноста и мултирелигиозноста се подарок од Универзумот кој треба да се стави во функција на успехот. Само со такви разлики во општеството, територијата (во случајов Македонија) може да креира големи вредности кои на народностите во неа ќе и дадат убав и благороден живот. Засега, ние го имаме токму спротивното. Различноста не уназадува, за жал! Да не го заборавиме фактот, кој вели, дека религиите се само механизам преку кој, Универзумот ги контролира масите... Мистиката е во тоа да се докаже, како?      

    Почитувани читатели, сите ние знаеме дека Евреите се народ кој го креира светот и целокупната светската политика. Според тоа, ако се има во предвид нивното огромното лоби во светски рамки, тука нема сомнежи (на пример: Ротшилд и др.). Од ова, се поставува прашањето, во што се состои тајната? Еден од одговорите за таа состојба на делување, се крие во фактот кој вели дека Евреите се нација која е во континуирана војна речиси од времето на Христос и многу претходно. Оттука, ако нацијата е во континуирана војна и делува во целосна нестабилност (животна, финансиска, имотна и секаква) единствениот начин кој преостанува за неа ќе биде базиран на вложување во знаење или вложување во умствен и духовен развој (пред 2000 год. тоа е развој на занаетчиството). Многу едноставно! Имено, ако сте Евреин, наследно è на прво место да вложувате во знаети (знаење) кои носат приходи и се неопходни за опстанок на луѓето-егзистенционални. Така што, Евреите каде и да живеат на земјинава топка, пребегнуваќи од местото на жариштето (војната), тие со себе ги носите тие вредности (знаења, занаети) и секако каде и да се наоѓаат, во било која држава надвор од Израел, тие успеваат многу побрзо и поефективно од сите преостанати нации кои вредностите ги гледаат во материјалното. ЗНЕЊЕТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ УНИШТИ СО НИТУ ЕДЕН ВИД НА ОРУЖЈЕ! ТОА Е НЕУНИШТЛИВО!

    Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*