×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Самоубиство во самоодбрана

    Филип Јаневиќ

    Кој би рекол дека пред крајот на 10 годишниот натпревар на македонските граѓани со режимот ќе се изнагледаме вакви автоголови и тоа едно добри три комада од страна на резервниот џокер на власта во моментална улога на претседател. Очигледната нервоза кај селекторот Груевски доведе до ваков подарок за целокупната граѓанска опозиција во државата, вакво јавно признание дека ДПМНЕ е криминално-мафијашка структура и конечно расчистување на моралните дилеми кај оние што сеуште ги имаа за суштината на оваа власт.

    Но да видиме како стојат картите на маса. Режимот во ракав има(ше) два битни џокера. Едниот е оваа несреќа од претседател, а вториот е уставниот суд. Не знам колку запалените вмровчиња по месните штабови сфаќаат ама џокерот позови претседника отиде јабана со печат "Трајно Неупотреблив". Прерано искористен и со народ на улица, преговорите се сламката за краткотраен спас на Груевски. Тој тоа го знае и затоа ДПМНЕ прва од партиите ги прифати преговорите во Виена. Меѓутоа, сега за да воопшто започнат било какви преговори, значи пред воопшто да се седне и нарача кафе на преговарачката маса, Груевски ќе мора да испорача пакет сериозни отстапки. Прво, преку Иванов ќе мора да ги повлече решенијата за аболиција. Значи тој филм ние крадеме Џоле аболицира е откажан во кино салите. Тоа јавно посипување со фекалии ќе биде оставено за Иванов овие денови. Она што е битно е тоа што со прерано искористување на оваа карта се загрозува Уставен Суд како џокер на власта. Значи второ, сега Уставниот Суд ќе мора да се изјасни за уставната поставеност на Специјалното јавно обвинителство  и да се затвори и тоа сценарио за излез на режимот. Трето, изборите, како што претходно рековме ќе почекаат некои подобри времиња. Во една реченица "Самоубиство во самоодбрана" си направи режимот. Во паника да се спасат, тотално се соголија и само го забрзаа своето тонење.

    Има една интересна работа што е многу значајна за вториот и третиот ешалон на ДПМНЕ ширум Македонија, па и тука по Куманово. Тоа се сите оние директорчиња и раководители по државните институции на кои паѓа најголемиот терет во одбрана на режимот. Тоа се луѓето задолжени да ги уценуваат луѓето со по 10, 20 сигурни гласачи, да ги опоменат дека мора да ги има на разни ГДОМовски протеси, да ги ставаат луѓето на разни списоци и сл.  Имено ако го погледнете внимателно случајот со Талевски ќе видите дека сега за сега тој иако е аболициран, истрагата против директорите на средните и основните битолски училишта си продолжува. Во превод слоганот "Заедно во добро и во лошо" и официјално е заменет со "Секој за себе, тебе кој те ебе". Јас верувам дека во ДПМНЕ и во Македонија па и тука во Куманово има луѓе кои знаат дека на Титаник немаше чамци за сите патници. Локалните вмровски функционерчиња мора да го знаат ова и да сфатат дека режимот го губи здивот, ја нема силата од пред неколку години и ќе ги жртвува како јагниња ако тоа значи дека треба да се спаси хиерархиски повисокиот од нив.

    Уште една битна работа да не заборавиме. Падот на режимот најверојатно ќе го означи и крај на името ВМРО т.е негова законска забрана за употреба како дел од име на политичка партија. Таа негова забрана ќе значи ослободување на тоа име и негово ставање онаму каде што припаѓа-во историски контекст. Па не може да се валка тоа име како предзнак на разни криминални банди.

    Вакви пукнатини во режимот ќе стануваат се поголеми се до неговиот дефинитивен распад. И тоа е добро. Тоа е проклето добро.

    Филип Јаневиќ, Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*