×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шарено лето

    Дејан Ристов

    „Шарената револуција” продолжува! Иако со смален интензитет сепак и летово ќе бидеме сведоци на секојдневно, тормозење до исцрпување, од страна на  самопрогласените носачи на факелот на слободата и демократијата.Пред неколку дена, поточно на 6 јуни СДСМ излезе со соопштение дека ја добиле првата битка од долгата војна за слобода, и со една форма  на проглас, што наликува на комунике на радикална герилска  група, наведе неколку работи за кои предвиделе дека ќе се случат, со цел  да ја потврдат својата доследност и исправност, а воедно да ја искомпромитираат до крај позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, чиј збор според нив, не држи. Така и им беше насловено соопштението „Зборот е збор”. Овој крајно ултимативен настап е само продолжение на поведението на СДСМ и коалицијата која со месеци  поставува безусловни барања. Ако држат до зборот како што сакаат да се претстават ,тогаш може да очекуваме кога ќе дојдат на власт, да почнат со јадење на живи луѓе, со виткање на кичмата, со бескруполозен политички реваншизам и слични форми на недемократско и пред се нехумано однесување. Цело време преку своето насилство ја потхрануваат неизвесноста во државата, предизвикуваат нервоза кај граѓаните, а за сето тоа ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ, сакајќи да ја прикажат за фактор на нестабилност, а тие да се наметнат за некои на кои им е познат исходот од политичката криза. Тоа е навистина невозможна мисија за СДСМ!

    Како прво, огромното мнозинство во државата гледа што се случува и многу добро знае кој е иницијатор на кризата.

    Второ и многу важно е што Зоран Заев и неговата коалиција, последниве две години во повеќе наврати го имаат прекршено својот збор,а за ниту една, единствена партиска одлука, го немаат консултирано своето членство.

    Како трето и најважно за излез од кризата, народот покрај сите етикети што ги доби од страна на опозиционерите, дека не биле освестени, дека не мислат со своја глава, по сите напади дека не биле созреани, останува најразумниот и најздравиот фактор за излез, единственото решение за надминување на овој циркус организиран од  група его-манијаци и авантуристи во политиката. До сега имаше многу обиди граѓаните да бидат изманипулирани, да бидат насочени на насилство и омраза, но секогаш безуспешно. Самопрогласената елита во државата, вообразена до лудило, не сфаќа дека всушност се толерира нејзината инфантилност и декаденција, а не некаква си неосвестеност на граѓаните за слобода и демократија.

    Секој ден може да се следат дебати поврзани со моменталната  политичка ситуација, а во нив секогаш без исклучок се поставуваат  иститите прашања: До кога ќе трае кризата? Кои ќе бидат победниците а кои поразените? Дали ќе има правна разврска за сите случаи покренати од Специјалното јавно обвинителство? Инстант експерти и квази-аналитичари заедно со новинари-паничари, секој ден не плашат дека сега или никогаш, мора да се стави крај,ако не црно ни се пишувало на сите,а со тоа и на државата која ќе ја снема. Ова малтретирање ќе продолжи и летово. Маршевите на „Шарената револуција“ и блокадите на раскрсниците ќе останат ударни вести на сите медиуми. Ќе видиме по некој ситен инцидент, но доволен за да се одржи тензијата, за по некое време повторно да се ескалира во поголеми насилства и уништувања. Парадирањето ќе продолжи и во Куманово, но исто како што и почна ,без ентузијазам и незабележително,што јасно кажува дека „Шарената револуција“ во Куманово е обична фарса, домашна задача на локалното СДСМ и Зоран Дамјановски да се реализира агендата на Зоран Заев, која очигледно е дека нема поддршка  во градот. Освен некои авторитети во СДСМ, кои мора да глумат револуционери, сите други па и најлојалните членови на СДСМ, не наоѓаат логика во самите протести во Куманово. Организаторите на протестите се соочуваат со голем проблем, а тоа е како да им објаснат на своите луѓе каде, на кое место, пред која институција да шараат, и најтешкото, зошто воопшто да протестираат. Како и да е кризата ќе заврши, а со неа и политичката кариера на главните протагонисти во овој филм, кој за сега, продолжува со својата летна епизода.

    Дејан Ристов Дејан Ристов, политиколог

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*