×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Што се случи со СДСМ Куманово?

    Емил Ташевски

    Зошто се потребни промени во ОО СДСМ Куманово?

    Ако на ова прашање би требал да одговорам со една реченица тоа би било затоа што во овој момент немаме општинска организација која функционира.

    Партиските несогласувања и на она малку луѓе што останаа во тие простории не се решава низ аргументи и факти на партиските состаноци, туку низ алкохолни испарувања во кафеаните низ градот. Непревземањето на одговорност од самите локални лидери доведе до опаѓање на гласови од година во година. Немањето капацитет да се чуе спротивно мислење доведе до пораз на локалните избори од кои никој од "кремот" на партијата не понесе одговорност. Наместо активности, барање авторитети и докажани луѓе во секоја улица, маало, населба, се бараа полтрони и послушници. Наместо да се следи и да се работи со најдобриот физичар, биолог, писател, спортист, се бараше најпослушниот ракоплескач и беспоговорен извршител. Наместо резултати и дела, се ценеше климањето со глава и статуси на социјалните мрежи во кои се возвишува идолопоклонството. Наместо комисиска работа и активности по месните одбори, се бараа списоци од вработени во институции. Во оној момент кога немаа контрола на овој процес се случи колапс. Си направија свој вилает кој од избори до избори се повеќе пропаѓа.

    Што понатаму?

    Новиот премиер и лидер на партијата со неговото доаѓање најави промени, кои самиот ги оцени како прекупотребни за да партијата, особено во Куманово застане на прави нозе. На партијата во Куманово и е потребен нов лидер без претходен политички товар, кој ќе се обиде најпрвин да ги врати вредностите кои ги налага самата социјалдемократска идеологија, но и преку Советот на општината да се обиде да направи синхронизација на односите со локалната самоуправа и да наметне свои идеи, кои во иднина ќе донесат добробит за граѓаните на нашата општина. Треба да се залага за транспарентност низ која ќе допре до секој граѓанин за да ги чуе нивните проблеми и потреби. На СДСМ Куманово и е потребна нова енергија, нормалност и здрав разум. Потребен и е лидер кој нема да води дворска политика, туку ќе се обиде да гарантира безгрижна пензија на постарите лица и безгрижно детство на помалите. 

    Која ќе биде смисла на промените?

    Секоја промена е нов предизвик. Таму каде што ништо не се менува, ништо не се случува. Таму каде се спречуваат промените се спречува и самиот развој. Секоја промена освежува и ги исфрла старите и лоши навики. "Човек кој на ништо не се чуди, живее во тупавоста и глупавоста", некогаш напишал Хегел. Не менување на лошото е злочин кон самиот себе и иднината на своите блиски. Излегување од летаргијата ќе биде прва голема промена која може да ја направи новиот претседател за ОО СДСМ Куманово. Пропуштените можности посебно во политиката се често ненадоместливи и трпат голема штета.

    Емил Ташевски, Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*