×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните се незадоволни од услугите на општините во однос на екологијата, транспарентноста и урбанизмот

    02.12.2022 14:45 | KumanovoNews

    Заштитата на животната средина, транспарентноста, урбанистичкото планирање, локалниот економски развој и социјалната заштита, се услугите од кои граѓаните на локално ниво се најнезадоволни. 

    Граѓаните се незадоволни од услугите на општините во однос на екологијата, транспарентноста и урбанизмот

    Постигнати се едвидентни успеси во однос на намалувањето на наследените долгови на општините, но овој проблем не е целосно затворен. И денес има општини со наследени долгови кои ги надминуваат нивните буџетски капацитети и можности, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на Вториот годишен форум за локална самоуправа „Партнерство за одржливи локални самоуправи".

    Министерот Пенов порача дека финансиската стабилност на општините е најважна за да ги извршуваат функциите и да испорачуваат услуги.

    „Според последното мерење на перцепцијата на граѓаните, има раст во генералното задоволство од 2,97 на 3,2 индексни поена во однос на услугите што ги добиваат. Но, тие се најмалку задоволни од локалниот економски развој, социјалната заштита, заштитата на животната средина, транспарентноста и урбанистичкото планирање“, истакна Пенов.

    Данок на имот, напомена министерот, е еден од најбитните извори на приход за финансирање на изворните надлежности на општините.

    „Затоа е потребно локалните власти да вложат поголем напор во наплатата на овој данок. На состаноците што ги имав со градоначалниците, ми беше посочено дека имаат проблем со ажурирањето на базите на податоци за наплата на данокот на имот, заради што беше побарана помош и од централната власт. Лично ќе се ангажирам да се изнајде институционално, системско решение за надминување на овој проблем“, истакна Пенов.

    Тој и министерот за финансии Фатмир Бесими го најавија таканаречениот фонд за перформанси преку кој ќе бидат наградени општините што ќе покажат подобри резултати.