×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се намалува бројот на директори и членови на управните одбори, ама од 2024 година

    17.11.2022 20:02 | KumanovoNews

    Кратење на директорски места, членови на управни одбори, затворање или спојување на агенции кои имаат исти надлежности, сето ова се планира со реорганизација на администрацијата, најавена за 2024.

    Ќе се намалува бројот на директори и членови на управните одбори, ама од 2024 година Фото: pixabay.com

    Ресорниот министер уверува дека нема да има отпуштања по министерствата, бидејќи, како што вели, има дефицит на вработени, пренесува Прес24.

    „Ќе се намали бројот на директори и на членови на управни одбори, а не на вработените. Ќе имаме дефицит на вработени во централната власт. Вработените ќе останат, а ќе има директори кои во 2024 година нема да бидат повеќе на таа позиција“, вели Адмирим Алити.

    Реформите во администрацијата се неопходни, порача евроамбасадорот Гир, иако , признава, се работи за политички процес кој е исклучително чувствителен.

    Веќе се направени пилот проекти за реорганизација во три министерства за земјоделство, економија и информатичко општество, со цел да се постигне ефикасности и транспарентност, но и да се избегнат досегашните лоши практики.

    Пилот проектите се спонзорирани од ЕУ, преку ИПА фондовите.