Од среда да се укине полицискиот час и ограничувањето за свадби, предлага Комисијата за заразни болести
14.06.2021 08:45
| KumanovoNews
Од среда, да се укине полицискиот час, е новиот предлог на Комисијата за заразни болници кој ќе биде предложени до Главниот кризен штаб, објави на Министерството за здравство.

„Од среда, 16 јуни, да се укине целосно полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 % од објектот и не повеќе од 1000 лица. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова“, соопштува Министерството за здравство.