×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

    07.05.2022 19:22 | Сузана Николиќ

    Со пригодна свеченост, во присуство на државниот врв, дипломатскиот кор, локалната самоуправа, раководството на Министерството за внатрешни работи и гости, се одржа централната прослава за одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција.

    Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето поздравно обраќање пред присутните честитајќи го празникот на полицијата истакна дека да се биде полицаец, припадник на МВР е голема чест и огромна одговорност, но и дека доаѓаат времиња во кои просто се очекува од секој припадник на полицијата таа чест и одговорност да ја покажат и докажат повеќе од било кога. 

    „Ние денес живееме токму во такво време, кое што од нас бара да бидеме вистински и доследни чувари на законитоста, на редот и поредокот, на сигурноста и безбедноста на секој наш граѓанин. Тргнувајќи од фундаменталната премиса на секое демократско општество – дека институциите постојат само и единствено во интерес на граѓаните, независно на нивните лични определби, размислувања, ставови, ние воспоставивме нови и модерни стандарди кои што целосно ќе ја реализираат клучната позиција на институцијата, а тоа е полиција – сервис на граѓаните на Република Северна Македонија“, истакна министерот Спасовски.

    Во рамки на одбележувањето на Денот на полицијата - 7 Мај, делегации положија свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите и починатите припадници на полицијата во кругот на МВР: на споменикот пред зградата на граничната полиција, во полицискиот центар "Ѓорче Петров", во паркот „Жена“, во базата „Брест“ и во касарната „Илинден“.

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk