Мени

Две бронзени медали за Миа Додевска на Државното првенство во пливање во Куманово

23.11.2026 20:45 | KumanovoNews

Миа Додевска, од Куманово, освои две бронзени медали на Државното првенство во пливање, кое викендов се одржа во Куманово.

Две бронзени медали за Миа Додевска на Државното првенство во пливање во Куманово

„Со овие резултати уште еднаш се докажа дека кумановското пливање има млади и перспективни натпреварувачи кои можат да се носат со најдобрите во државата.  Особено значаен е фактот што од март годинава до денес Миа има освоено вкупно 17 медали на меѓународни натпреварувања, што претставува сериозен успех за една млада пливачка“, вели Даниел Додевски, татко на Миа.

Настапот на Државното првенство е уште едно потврдување на успешната година за младата пливачка, исполнета со бројни натпреварувања, напорни тренинзи и значајни спортски достигнувања.

Миа Додевска има 12 години и е ученичка во ОУ „Браќа Миладиновци“.