Спасовски: Благодарение на пожртвуваноста на здравствените работници од денеска сум на работа во МВР
„Денеска е мојот прв работен ден во МВР после тешката битка со
ковид-19. Најважно во справувањето со болеста е одговорноста што ја
имаме како граѓани, и во почитувањето на мерките, и во заштита кон
семејството, пријателите и колегите. Со почитување на мерките да
покажеме дека ги почитуваме и здравствените работници, - изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по речиси едномесечна пауза поради коронавирус.