×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мажите делумно им помагаат на жените, се уште постојат предрасуди за поделба на машко-женски работи

    18.02.2023 09:15 | KumanovoNews

    Мажите и жените имаат генерален став дека треба меѓусебно да си помагаат, но во пракса тоа се реализира само делумно. Иако навиките се менуваат, сепак кај машката популација се уште се присудни предрасуди за традиционална поделба на обрските во домаќинството.

    Мажите делумно им помагаат на жените, се уште постојат предрасуди за поделба на машко-женски работи

    Ова е заклучокот од анкетата што ја спроведе Кумановоњуз во која учествуваа 210 испитаници од Североисточниот регион, над 55 проценти на возраст од 35-50 години, околу 32 отсто од 18-34 години, а останатите повозрасни.

    Во анкетата се обидовме да направиме компарација помеѓу ставовите на мажите и жените околу поделбата на обврските во домаќинството. Дел од нив се совпаѓаат, но има и забележителни разлики во мислењетата на двата пола кога станува збор за учеството на мажите и помошта што жените ја добиваат од нив во одржување на домаќинството.

    Најголема дискрепанца постои при перцепцијата за рамноправна поделба на обврските во домаќинството. Околу 47% од мажите сметаат дека секогаш им помагаат на своите сопруги, но на истото прашање само 12,4 % од жените потврдиле дека добиваат целосна поддршка од мажот.

    Испитаниците од двата пола се согласни дека мажите само делумно учествуваат во завршување на домашните обврски, што го потврдиле со речиси приближен процент – мажи- 50 %/жени 58 %. 

    Најголемата поддршка што жените ја добиват од своите мажи се пазарување, плаќање на сметки и помош при одржување на хигиената во домот. Сепак, дел од нив се вклучуваат и во чување деца, готвење, миење садови, перење алишта.

    Разлики постојат и кај оние испитаници кои одговориле дека мажите никогаш не им помагаат на жените. Додека само 3,1 отсто од мажите одговориле потврдно на ова прашање, близу 30 проценти од жените тврдат дека не добиваат никаква помош во одржување на домаќинството од машката половина. Како главна причина ги наведуваат предрасудите за традиционалната поделба на машки и женски работи. Така, над половина од жените што учествувале во анкетата сметаат дека се уште се присутни овие предрасуди, а останатите одговориле дека помошта од мажите изостанува затоа што се презафатени и немаат време. Од друга страна, само 12,5 % од мажите тврдат дека се приврзаници на строгата поделба на машки и женски работи, а 28% ги прифаќаат
    овие предрасуди само делумно.

    „Се што можат жените, можат и мажите, дури и да се вработени. Треба рамноправно да учествуваат во извршувањето на домашните обврски за да функционира подобро и семејството и домаќинството “, посочува една испитаничка.

    Најголем дел од мажите сметаат дека трудот на домаќинките треба да биде платен, а 12,5 отсто имаат мислење дека жените се должни да ги извршуваат работите во домаќинството и за тоа не би требало да добиваат надоместок. Доколку би била регулирана финансиска поддршка за домашните обврски, близу 50 отсто од мажите наведуваат дека жената сама треба да одлучи дали ќе го напушти работното место и ќе биде исклучиво домаќинка, околу 30 % веднаш би донеле таква одлука, а околу 20 отсто не би го прифатиле тоа.