×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ако не си креативен нема да се издвоиш на сцената, вели раперот Лука Чомбе кој издаде нова песна и го поготвува првиот албум

    24.05.2023 11:59 | Оливера Пешевска

    Младиот рапер Лука Стојановски - Чомбе (22 ) од Куманово пред  десетина дена ја издаде својата нова песна  „Управник“, за која изработи и музичи спот.

    Ако не си креативен нема да се издвоиш на сцената, вели раперот Лука Чомбе кој издаде нова песна и го поготвува првиот албум

    Ова е негова четврта песна, која достинала над 10 илјади прегледи на Ју туб, а популарна е и на Тик Ток и се споделува на Инстаграм.

    Младиот автор сам ги пишува текстовите и музиката,  но за целосен производ има свои соработници.

    Видеото е направено на неколку локации низ Куманово во соработка со Давид Манов од Штип, кој живее и работи во Скопје.

    „Го работевме „Управник“ без боја, снимката е во црно бело и морам да признам дека многу ми се допаѓа“, констатира Чомбе.

    Тој уште не доволно познат за пошироката публика, но вели дека го радува тоа што неговата музика има голем одѕив кај помладите генерации, кои најмногу слушаат токму рап.

     „Јас се уште не сум комерцијален, го следиме релативно новиот помодерен, поджанр кој се вика трап. Сметам дека затоа е многу важно да исфрлаш нова и модерна музика на пазарот, да е иновативна. Ако не си креативен и специјален нема да се издвоиш на сцената“, смета Лука.

    Тој досега имал повеќе настапи, меѓу кои и во Центарот за култура во Куманово, заедно со некои популарни познати кумановски изведувачи, но најзначаен му е концертот во МКЦ во Скопје. 

    „На 1 април беше нашиот најголем настап во МКЦ во Скопје, јас и Леопрад - тоа беше убаво прифатено и прв пат ми се случи да настапам пред толкава публика. Настапот во живо е нешто најубаво што може да се доживее“, се потсетува Лука.

    Неговата прва песна „Трап бебе“ ја издал за неговиот роденден во октомври 2020 година. Оттогаш ги има промовирано „Рони колман“,„Јужна Кореа“ и „Најди ме“. Во почетокот на 2021 година заедно со група рапери ја издале песната „Куманово сајфер“, сите напишале по една строфа од која потоа создале целина. Песната има 135 илјади прегледи на Ју туб, што е неверојатна бројка.Сега вредно работи на создавање на песните за неговиот албум првенец.

    Еден од неговите ментори е татко му Драган Чомбе, кој е бивш музичар. Заедно со мајка му Еми, тие му се негова најголема подршка.  

    Лука работи во компанија за интернет продажба, а по работното време и како фитнес тренер. Љубител е на животни, а посебно ги сака неговите мачиња кои се стари само неколку месеци.