Фото вест: Забрането паркирање во контејнер
08.11.2023 13:39
| KumanovoNews
Сообраќаен знак за забрането застанување и паркирање утринава се најде во контејнер на ул. „Иво Лола Рибар“ во Куманово.

Читател кој ни ја испрати фотографијата се шегува дека тој што го фрлил знакот во контејнер не сакал да се ослободи од него, туку ги предупреди возачите дека е забрането паркирање во контејнер, бидејќи само таму остана слободен простор, откако сите останати јавни површини, тротоари и улици се узурпирани од автомобили.
Шега на страна, оваа слика само уште еднаш покажува на кое ниво е културата и односот на одредени граѓани кон општественото добро во градот.