Фото вест: Спална на тротоар
01.08.2023 15:55
| Сузана Николиќ
Два душека од кревет утринава се најдоа на тротоарот на раскрсницата на улиците „Октомвриска револуција“ и „Пионерска“ во Куманово.

Нивниот сопственик наместо да ги фрли на депонија ги оставил покрај контејнер. Зошто од јавната површина направил спална соба, само тој знае.
Да се потрудиме во иднина да нема вакви појави, јавна осуда за несовесните домаќини.
(п.с. Нашите читатели можат да се вклучат во оваа рубрика со тоа што ќе ни испраќаат фотографии со непримерно однесување на поединци или на надлежните служби.)