×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се отстрануваат столбовите на велосипедската патека во Тетово

    25.11.2021 08:36 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Ветување: Отстранување на (сигнализација) столбови за велосипедска патека

    [Извор:Официјална Фејсбук страница на Општина Тетово (точка број 7), датум: ноември 2021]

    Се отстрануваат столбовите на велосипедската патека во Тетово Фото: Вистиномер

    ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

    Градоначалниот на Општина Тетово, Биљал Касами во програмата „100 дена Општина Тетово“, која ја објави во јавноста на 16 ноември на прес-конференција, но и на официјалната Фејсбук страница на Општина Тетово, вети дека ќе ги острани столбовите долж булеварот „Илинденска“, со кои е обележана велосипедската патека. Реализацијата на ова негово ветување е во тек.

    На 17 ноември екипи на терен започнаа да ги острануваат столбчињата, а Касами пред медиумите изјави: 

    Во 100-дневниот план што го презентиравме пред пошироката јавност, е и отстранувањето на стоплчињата на велосипедската патека, бидејќи тие се поставени спротивно на законот. За отстранувањето на столбчињата имаше донесено и решение од судот дека се незаконски, а ние тоа решение треба да го спроведеме.

    Фото: Вистиномер

    Столбчињата долж булеварот „Илинденска“ во Тетово беа поставени во април годинава. Тие го одвојуваа коловозот каде на едната страна се движеа возилата, а мал дел од десната страна од сообраќајницата ја користеа велосипедистите. 

    Фото: Вистиномер

    За неа имаше реакции на социјалните мрежи дека е небезбедна, тесна, на некои места и не е проодна затоа што имаше поставено контејнери, а често патеката ја имаа узурпирано и паркирани возила.

    Велосипедска патека (април 2021) Фото: Вистиномер

    Со оглед на тоа што деновиве се работи на терен и столпчињата на оваа патека се острануваат, ова ветување на градоначалникот Касами има оценка „во тек“.

     

    ИЗВОРИ:

     

    Оцени: Зоран Димовски

     

     


    Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар