Автомобил излетал од пат кај Крива Паланка, повредени се возачот и сопатникот
09.09.2022 12:37
| Сузана Николиќ
На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, ноќеска во 1.35 часот во близина на место викано „Цевки“ во Крива Паланка, патничко моторно возило „форд фокус“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(19) од с.Конопница - Крива Паланка излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Х.(23) од Крива Паланка, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Здравствен дом - Крива Паланка.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.