Донација за ранливите семејства во Кратово од Бугарската амбасада
03.02.2021 14:16
| KumanovoNews
Бугарската амбасада во Македонија донираше 30 пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на Општина Кратово, кои ќе бидат поделени на социјално најзагрозените семејства.

Донацијата е доделена при работната посета на бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов на Општина Кратово.
Покрај разговорите за моменталната состојба со пандемијата, амбасадорот Ангелов и градоначалникот на Кратово Љупчо Бојаџиев разговарале и за реализација на заеднички активности, иницијативи, како и можности за унапредување на соработката во повеќе области.
(Ж.Ц.)