Го убил братот, па го закопал во дворот на куќата во Гиновци
Жител на селото Гиновце, Општина Ранковце си го убил братот, а телото го закопал во дворот на семејната куќа во која живееле.

Постапувајќи по добиена пријава полицијата вчера го уапсила Ф.А.(40) од с.Гиновци, под сомение дека тој пред неколку недели, по претходна расправија, го усмртил неговиот брат С.Џ.(29) од истото село и го закопал во дворот од семејната куќа.
„Полициски службеници од Полициско одделение Ранковце излегле на местото, а Ф.А. бил приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го признал делото. Од страна на Јавен обвинител, полициска екипа, претставници од Институт за судска медицина и од Центарот за социјални работи извршен е увид, телото е пронајдено и по насока на обвинител предадено за обдукција“, соопшти МВР.
По целосно расчистување на случајот против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава, а од страна на Судија на претходна постапка определена е мерка притвор во времетраење од 30 дена и ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање.