Изгореле 19 сандаци со пчели во Жегљане
27.07.2024 20:04
| KumanovoNews
Во голем пожар вчера изгореле 17 сандаци со пчели во селото Жегљане, општина Старо Нагоричане.

„Вчера во 17.00 часот во Полициското одделение Старо Нагоричане било пријавено дека во с.Жегљане, општина Старо Нагоричане, настанал пожар на нива, сопственост на Л.А.(65) од село с.Жегљане, при што изгореле 19 сандаци со пчели“, соопшти МВР.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од полицијата.