Изложба „Графика и цртеж“ на Стефан Младеновски во Центарот за култура Крива Паланка
Во галерискиот простор на НУ Центар за култура од Крива Паланка, утре (25 март), во 18 часот, ќе биде отворена изложбата „Графики и цртеж“ од академскиот графичар Стефан Младеновски.

Ова е негова прва самостојна изложба во родниот град.
Младеновски е роден 1996 година во Крива Паланка. Средно образование завршува во ДСУЛУД “Лазар Личеноски” - Скопје, а дипломира на Факултетот за ликовни уметности – Скопје во 2020 година, оддел графика, со насока конзервација и реставрација, во класата на проф. м-р Зоран Јакимовски. Апсолвент е на постдипломски студии на истиот факултет на катедрата по графика. Член е на ДЛУМ од 2020 година.
Добитник е на Студентската награда за графика “Драгутин Аврамовски – Гуте” и на Специјалната награда за развој на современата графичка уметност на 10-то Меѓународно графичко триенале во Битола.
Досега има реализирно повеќе самостојни и голем број групни изложби, а учесник е и на повеќе ликовни колонии и работилници.