Казнети 70 кумановци, 31 паланчанец и 11 кратовци, затоа што не носеле заштитни маски
17.03.2021 11:08
| KumanovoNews
Вкупно 112 граѓани од општините Куманово, Крива Паланка и Кратово, се соочуваат со парична казна затоа што не носеле заштитна маска на лицето на јавен простор.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (16.03/17.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на СВР Куманово 112 лица не ја почитувалe. Од нив во Куманово 70, во Крива Паланка 31 и во Кратово 11, за нив ќе следуваат соодветни мерки.
Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење во периодот од 22 часот до 5 часот.