Крива Паланка ги прогласи најдобрите за 2021 година
29.12.2021 11:58
| Жаклина Цветковска
Општина Крива Паланка ги прогласи најдобрите професионалци за 2021 година, меѓу кои традиционално се најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител.

За најдобар пожарникар од ТППЕ Крива Паланка е прогласен Бобан Јовановски, Никола Петровски е најдобар полицаец, а признанието за најдобар крводарител го понесе Свете Милановски.
Признанијата и наградите на најдобрите им ги врачија градоначалникот Сашко Митовски и претстедателката на Општинскиот совет Изабела Павловска.