Куче нападнало три деца, сопственичката кривично ќе одговара
28.04.2025 20:39
| KumanovoNews
Куче оставено без надзор нападало три деца во Крива Паланка, поради што против сопственичката е поднесена кривична пријава.

„Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Л.Н. (68) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 28. март во Крива Паланка, три деца биле нападнати од куче сопственост на пријавената, кое било оставено без надзор“, соопшти МВР.