×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Липково добива камион за смет, 850 канти и 10 контејнери, преку проект за прекугранична соработка со Прешево

    14.04.2022 19:50 | Сузана Николиќ

    Во рамки на проектот „Помалку ѓубре, помалку ризици, повеќе здравје“ преку ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Србија и Северна Македонија, во општина Липково набавен е камион за собирање и транспорт на цврст отпад, канти и 10 контејнери.

    Липково добива камион за смет, 850 канти и 10 контејнери, преку проект за прекугранична соработка со Прешево

    „Општина Липково во партнерство со Јавното претпријатие „Моравица“ од Прешево, Република Србија потпишаа договор за грант во вкупен износ од 253,762 Евра кои 85 отсто од средствата се финансираат од Европската унија и 15 проценти од кофинансирањето се врши преку Министерството за локална самоуправа. Преку овој проект освен возило за собирање на смет со капацитет од 4-6 метри кубни, 10-те контејнери со капацитет од 1100 литри, и 850-те канти за смет со капацитет од 120 литри, набавена е и ГИС (GPS) платформа за поефикасно собирање на смет. Исто така спроведени се и активности за подигнување на свеста преку јавни дебати и промотивен материјал“, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

    За проектот од Општина Липково се издвоени 131.747 евра, од ЕУ 111.721 евра и Министерството за локална самоуправа 20.025 евра, а директни корисници на проектот се повеќе од 500 домаќинства или 2.000 жители од руралните подрачја на двете општини.

    „Уверен сум дека ќе имаме уште многу проекти преку ИПА 2 Програмата за прекуграничната соработка во кои како општина земаме активно учество секоја година“, истакна Еркан Арифи градоначалникот на Општина Липково.