Нападнат вработен во Здравствен дом Крива Паланка
17.07.2023 20:18
| KumanovoNews
Полициски службеници го лишиле од слобода С.Н. (27) од Крива Паланка, затоа што во Здравствениот дом Крива Паланка физички нападнал вработен во домот.

С.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.