Објавен оглас за прием на 300 професионални војници во армијата
Министерството за одбрана распиша оглас за прием на 300 професионални војници и 10 подофицери во македонската армија, а од 13 март ќе се распише и конкурс за офицери со завршено високо образование.

„Ова е одлична можност за сите млади и мотивирани мажи и жени од сите етнички заедници, кои сакаат својата работна кариера да ја посветат во заштита на мирот и безбедноста на државата и на граѓаните. Секој што ги исполнува условите може да биде дел од македонската армија“, истакна министерот Владо Мисајловски.
Според објавениот оглас условите предвидуваат работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од четири години со можност за негово продолжување повеќепати, до навршување на возраст од 45 години.